Мало момче од Велес има потреба од наша помош. Ајде да ги здружиме силите и да го поддржиме Мартин во неговата борба за живот.
4-годишното детенце боледува од екстремно ретка дијагноза – аневризматска коскена циста на прв вратен пршлен.
Станува збор за агресивен тип на тумор што ја уништува коската на првиот пршлен. Локацијата е екстремно опасна за животот на Мартин и мора да се лекува што побрзо.
Единствена надеж за Мартин да има нормален живот е серија од склерозации на цистата. Третманот треба да се изврши во болница во Охајо, САД.
Цената за 3 склерозации што ќе се прават на секои три месеци е 52.500 американски долари. За состојбата на Мартин потребни ќе бидат 3 до 6 третмани.
Поради неможноста финансиски да го покрие лекувањето, семејството на Мартин замолува за помош.
Броеви за донации:
А1: 143 502
Телеком: 143 138
Трансакциска сметка:
270700004294818
Христина Талевски
Халк Банка АД, Скопје
За донации од странство
IBAN: MK07270700031093008
SWIFT: EXPCMK22