Да му ја вратиме надежта на Леонид Индов и обединети да му помогнеме да го продолжи неговото лекување во Австрија.
Момчето, кое е во критична состојба поради тешка несреќа, пред две недели беше транспортирано во Виена, каде на семејството му беше ветено дека ќе продолжи неговото лекување. Лео со хеликоптер беше одведен во австрискиот главен град, за сега, да биде соопштено дека Фондот го одби барањето за покривање на трошоците за неговото лекување таму.
Таткото на Леонид изјавил дека биле собрани донации од хумани граѓани за првите неколку месеци од лекувањето во Виена, но дека за месеците кои следуваат ќе им бидат потребни најмалку 140 илјади евра. За жал, семејството не е во можност да ја обезбеди таа сума.
Броеви за донации:
А1: 143-500
Телеком: 143-118
Сметка за донација
210700000680591
НЛБ Банка
За донации од странство
BRANKO INDOV
IBAN: MK07210501567799991
SWIFT: TUTNMK22
NLB BANKA AD SKOPJE
Можете и да донирате средства на следниот линк: GOFUNDME
Осумнаесет годишниот Леонид летово доживеа тешка несреќа што предизвика сериозна повреда на 'рбетниот мозок. Во октомври, со квадриплегија беше префрлен во Клиничката болница Жан Митрев каде ја доби најдобрата нега и по 4-месечниот третман, имаше подобрување на дел од функциите, како зборување и самостојно голтање, за кои не е веќе потребна помош од машини.
Младиот пациент со хеликоптер на МВР беше пренесен во Виена, затоа што стануваше збор за комплексна процедура бидејќи момчето моментално е на респиратор.