Гркинка ја подигнува свеста кај жените за состојба наречена тромбофилија.
Телксија Валерија Франгуди на Instagram сподели видео од нејзиното бебе кое мирно спие сред срце од шприцевите од лекарствата кои ги примала во текот на бременоста.
„Вредеше секоја инјекција“ – стои во описот.
Телексија подоцна сподели дека инјекциите ги примала поради тромбофилија, која ѝ била откриена сосема случајно. Таа сега сака и другите жени да знаат за оваа состојба која доведува до тромбоза или згрутчување на крвта, а која при бременост може да резултира со спонтан абортус.
Тромбофилијата за мене, како и за многу други жени, беше непознат збор... Имав слушнато за неколку случаи кои ја откриле по 1-2 спонтани абортуси, но никогаш не ми падна на памет дека тоа е нешто што може да го имам и јас. Особено затоа што имав многу добра бременост со првата ќерка.
Минатиот август, поради други здравствени проблеми, направив некои испитувања и сосема случајно открив дека ја имам оваа патолошка состојба на хиперкоагулација на циркулацијата на крвта која доведува до појава на тромбови на органите и крвните садови.
Тромбофилијата е еден од најчестите фактори кои предизвикуваат спонтан абортус кај трудниците (и на почетокот од бременоста и во текот на целата бременост). Може да предизвика и многу други компликации.
Јас бев меѓу МНОГУ среќните што навреме ја открив и добив соодветен третман (кој го намалува ризикот од појава на тромбови).
Но, премногу жени немаа среќа како мене. Испитувањето за тромбофилија може да го спаси животот на твоето бебе, а во некои случаи и твојот.
Го поставувам ова видео затоа што знам дека многу жени не ни знаат за постоењето на оваа абнормалност во крвта, а сепак во медитеранските земји тоа е нешто што го имаат многу жени.
Ова е мојата приказна... можеби ако го направите испитувањето, ќе дознаете и вие навреме.