Гордана Попоска има потреба од помош. Самохраната мајка од Охрид испраќа апел до сите хумани граѓани кои имаат можност да донираат средства за лекување на нејзиниот син Петар.
Пред една година, 23-годишното момче успешно беше оперирано од сколиоза, а сега потребни се уште две операции во Истанбул во период од три месеци.
Гордана вели дека двете операции, со лекување, рехабилитација во траење од два месеца, сместување и транспорт ќе ги чинат околу 60.000 евра, кои тие не можат да ги обезбедат сами.

Да го отвориме срцето и да му помогнеме на Петар да застане на нозе.
Броеви за донации:
Телеком: 143-173
А1: 143- 470
Број на трансакциска сметка:
270-7000821760.21
Гордана Попоска
HALKBANK
За донации од странство:
IBAN: MK07270700082176215
SWIFT: EXPCMK22
Линк за донации
Прочитајте ја пораката на Гордана за Femina.mk:
Почитувани хумани луѓе, јас сум мајката на Петар од Охрид. Мојот син има 23 год и од негови 3 месеци возраст се борам одејќи по болници и барајќи решение за подобро здравје за Петар.
Петар има ретка болест Tyrosine Hydroxylase deficit која му нанесе многу проблеми, бидејќи болеста се откри на 12 год. Пред една година мојот син беше успешно опериран со две операции од Сколиоза во Liv hospital Istambul кај познатиот Турски Prof Çagataj Ozturg благодарение на хуманите луѓе од Македонија и дијаспората.
Денеска се сочуваме со уште една последица која мора да ја отстраниме, а тоа е деформитет на зглобовите и болка за да може Петар да застане на нозе и да може да продолжи со физикална и роботска терапија и еден ден да го видиме среќен и здрав како и неговите врсници.
Но, јас како самохрана мајка не би можела да успеам ако ја немам поддршката од нашиот народ. Многупати нашите хумани луѓе ја докажале хуманоста и добрината, па се надевам и овој пат ќе му помогнат на мојот син Петар да се избори уште со две операции исто така во Истанбул кај неговиот доктор. Ги молам сите хумани луѓе да се обединат и да помогнат како што тоа го прават секогаш кога е потребно. Вечно ќе ви бидам благодарна за вашата помош.
Гордана
