Почетна » Новости » Животни стории » Бура од емоции: Добродушна жена се сретна со детенцето кое го спаси со донирање на дел од црниот дроб

Бура од емоции: Добродушна жена се сретна со детенцето кое го спаси со донирање на дел од црниот дроб

Емотивната средба на жена со детенцето на кое му го спаси живот ќе ве разнежни.

Кога Сенди Флеш првпат ја видела широката насмевка на малиот Сони, знаела дека ја донела вистинската одлука да стане донор на органи. Таа не можеше да си ги сокрие солзите на првата средба со момчето.

„Покрај раѓањето на моите деца, ова беше најисполнувачкото нешто кое некогаш сум го направила. Ми значеше премногу што можев да помогнам да исчезне стравот кај ова семејство и да им дадам надеж“ – рекла таа.

Сони Сони

Сенди воопшто не го познавала Сони кога одлучила да му даде делче од себе за да му го спаси животот. Мајката на детенцето, Кејти, вели дека ќе ѝ биде вечно благодарна на жената за овој безусловен дар.

„Сенди даде делче од себеси за да се спаси животот на моето бебе. Донирањето органи навистина е безусловен дар, а во денешно време нема многу работи во животот кои се безусловни“ – рекла Кејти.

Сони

На само 2 месеци, кај Сони се појавила ретка состојба наречена билијарна атрезија, која влијае на функцијата на црниот дроб. Нормално е жолчката да тече од црниот дроб на бебето кон тенкото црево, но при оваа состојба, жолчните канали на бебето се блокираат и жолчката се акумулира во црниот дроб и го оштетува.

„Сони се роди како здраво бебе, но потоа разви билијарна атрезија. На 2-месечна возраст, имаше потреба од хируршки зафат“ – рекла докторката на Сони.

На почетокот изгледало невозможно да се најде жив донор кој ќе биде соодветен, но семејството било пресреќно кога дознало за одлуката на Сенди.

„Ни олесна кога дознавме. Беше како да сме сведоци на чудо, соодветен донор беше пронајден навреме“ – рекла Кејти.

Сони Сони Сони Сони

Потребни беа само 15 до 20 проценти од црниот дроб на Сенди за Сони да преживее, затоа што тоа делче во иднина ќе расте заедно со телото на детето.

Сега Сони е среќно детенце кое воопшто не покажува какви битки има преживеано во својот краток живот.

„Кога влегов во собата, не знаев што да очекувам. И одеднаш, се појави Сони. Беше неверојатно да се види ова убаво, енергично момче со огромна насмевка на лицето“ – рекла Сенди.

Сони Сони

Двете жени планираат да ги одржуваат контактите и во иднина.

Сони

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.