Почетна » Новости » Животни стории » Бугарскиот питач Добри Добрев го инспирира светот со својата добрина

Бугарскиот питач Добри Добрев го инспирира светот со својата добрина

Добри Добрев со право е нарекуван жив светец. Неговите добри дела, неговата пожртвуваност и посветеност се за восхит.

99-годишниот Бугарин живее многу скромно и секој ден пита, но не за да живее поубаво, туку за да помогне на што повеќе деца и да помогне во изградбата и обновувањето на сè повеќе цркви и манастири. Некои го нарекуваат „последниот жив Христијанин“, кој не заборава што точно е христијанството.

Неговата приказна освен што го обиколува Балканот, се прочу и низ целиот свет, па сè повеќе луѓе се инспирирани од неговата добрина. Досега тој има дарувано над 35.000 евра.

Добри Добрев Дедо Добри во својот домДедо Добри во својот дом Куќата на дедо ДобриКуќата на дедо Добри

За животот на дедо Добри не се знае многу, бидејќи тој смета дека не е доволно важен за да зборува за себе. Роден е на 20 јули 1914 година во селото Бајлово, а за време на Првата светска војна загинува неговиот татко. За време на Втората светска војна бил оштетен неговиот слух, откако експлодирала граната во близина на неговиот дом. Добродушниот старец имал четири деца, а две од нив ги надживеал.

Во текот на годините тој има собрано многу пари, но ниту стотинка не задржал за себе, што е доволно за милиони луѓе да му се поклонуваат со почит. Најголемата сума донирана од физичко лице за црквата „Св. Александар Невски“ во Софија е од дедо Добри.

Добри Добрев Добри Добрев Добри Добрев Добри Добрев Добри Добрев

„Светецот од Бајлово“ секој ден пешки одел до Софија за да собира пари, но сега поради изнемоштеноста патува со автобус.

Според него, најголемиот грев што може еден човек да го направи е прељубата. „Најголем грев е... да помислам. Постојат седум смртни гревови. Не лажи. Не кради. Не врши прељуба... Мислам дека прељубата е најголем грев. Таа го уништува семејството и сè друго“ – рекол тој во краток филм за неговиот живот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.