Почетна » Новости » Животни стории » „Бог ни даде бебе за секоја година неплодност“: По спонтан абортус, пар дозна дека ќе добие четворка

„Бог ни даде бебе за секоја година неплодност“: По спонтан абортус, пар дозна дека ќе добие четворка

За некои парови зачнувањето е најтешката животна мисија и понекогаш се претвора во долгогодишен кошмар. Но, со верба и истрајност, најголемите желби кога-тогаш се исполнуваат.

Кајла и Кени Грин конечно се израдуваа на позитивен тест за бременост, но и на веста дека ќе добијат не едно, не две, не три, туку ЧЕТИРИ бебенца. Приказната на парот, кој четири години се бореше со неплодност и мина низ спонтан абортус, е вистински доказ дека надежта последна умира.

Грин Грин

Кајла и Кени биле во брак речиси шест години, а кратко време откако запливале во брачните води, тие започнале да се обидуваат да имаат дете. По месеци неуспешни обиди, Кајла дознала дека страда од синдром на полицистични јајници, кој е една од најчестите причини за неплодност кај жените. „Бев тажна, но во срцето знаев дека еден ден ќе бидам мајка“ – изјавила таа.

По осум месеци терапија со лекови, Кајла за првпат добила две цртички на тестот за бременост. „По осум месеци обидување, дознав дека сум бремена. Бев во шок. Сè сеќавам дека направив милиони тестови бидејќи не можев да поверувам“ – додала таа.

По гинеколошкиот преглед и добивањето на потврда за бременоста, парот започнал да ја споделува среќната вест со најблиските. Откако спласнала еуфоријата, Кајла имала чудни симптоми и веднаш започнала да се сомнева во најлошото. Таа доживеа спонтан абортус. „Бев скршена. Не можам да ги опишам емоциите кои ги почувствував тој ден и кои сè уште ги чувствувам кога ќе помислам на загубата на моето бебенце“ – пишува таа.

Кајла не се откажала и продолжила со примањето на лековите, но по една година исполнета со негативни тестови за бременост, таа ја прекинала терапијата. „Чувствував како Бог да ме заборави“ – вели таа.

Грин Грин

Срцето ѝ се кршело кога гледала бремени жени насекаде, па со Кени решиле да се обратат кај специјалист за вештачко оплодување. Тие имале еден неуспешен обид за оплодување, но најпосле ја добиле прекрасната вест.

Среќата била неизмерна кога ги виделе четирите бебиња на прегледот со ултразвук. „Отидовме на првиот преглед со ултразвук кога бев во шестата недела од бременоста. Бев нервозна, но повозбудена отсекогаш. Се сеќавам лежев таму уплашена до смрт, спремна да видам бебе. Па да ви кажам.. не видов само едно бебе. Не видов само две бебиња, ниту пак три. Видовме четири бебиња на тој екран. Да ЧЕТИРИ!“ – напиша таа.

„Бог ни даде бебе за секоја година неплодност која ја искусивме“ – вели радосниот пар.

„Не би му посакала неплодност дури ни на најлошиот непријател. Сакам да ѝ кажам на секоја жена која имала спонтан абортус или се соочила со неплодност, ве молам не губете надеж. Знам дека е тешко и знам дека можеби нема да завршиме со истата приказна, но знам дека нашиот Бог е истиот. Главата горе, дури и кога чувствувате дека сè е против вас“ – е пораката која Кајла им ја испраќа на жените кои минуваат низ истата таа борба со неплодноста.

Парот ја соопшти веста со фотографии на Св. Валентин.

Грин Грин Грин

Видео од биењето на срцата на четирите бебиња

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20824 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.