Почетна » Новости » Животни стории » 53-годишна жена го роди бебето на ќерка си која исто така забремени по три години неплодност

53-годишна жена го роди бебето на ќерка си која исто така забремени по три години неплодност

Келси и Кајл Пирс три години водеа тешка борба со неплодноста, а сега се радуваат на две мали ќеркички.

Пирс

Имено, 31-годишната Келси неуспешно се обидувала да забремени, кога нејзината мајка Лиса се понудила да им стане сурогат и да го износи нивното прво бебе.

Неколку недели по успешното оплодување на Лиса, се случило чудо. Келси направила тест за бременост, кој исто така се покажал позитивен.

Келси и нејзината 53-годишна мајка беа истовремено бремени и носеа сестрички. Бебињата Ава и Еверли се родиле во временско растојание од осум недели.

Пирс Пирс Пирс Пирс

„Ми се кршеше срцето додека ја гледав Келси како се бори со неплодноста. Како мајка, сакаш да направиш сè што можеш за да им помогнеш на децата, за да им ја снема болката“ – изјавила Лиса.

Келси не можела да поверува што се случува. „Беше нереално. Постојано се штипнував, бидејќи не можев да поверувам дека ова е мојот живот. Неверојатно е. Седам и зјапам во нив и не ми се верува дека се мои“ – изјавила таа.

Пирс Пирс

Келси имала слаба оваријална резерва и блокада на јајцеводите, а подоцна било откриено дека има тенка обвивка на матката, поради што се сметало дека не може да износи бебе. И покрај бројните инјекции и таблети и операција за отворање на јајцеводите, таа сè уште не можела да зачне.

„Би чекала и 5 години и цел живот доколку е потребно. Сакав бебе. Ќе направев сè. Бев очајна“ – признала Келси.

Следната опција за парот била да најдат гестациски носител, опција која најчесто чини повеќе од 100.000 долари. Бидејќи веќе имале големи долгови, мајката на Келси се понудила да го износи бебето.

Парот сега ужива со двете мали ќеркички и се радува на среќата која им ја донесе животот.

Пирс Пирс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20794 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.