Почетна » Новости » Животни стории » Бебето вратено во живот со мајчинска прегратка ќе го слави петтиот роденден

Бебето вратено во живот со мајчинска прегратка ќе го слави петтиот роденден

Џејми Ог, кој за неколку дена ќе наполни пет години, со право е нарекуван чудо.

Џејми починал 20 минути по своето раѓање, но прегратката на неговата мајка го вратила во живот.

Раѓањето на Џејми ОгЕмотивниот момент кога Кејт и Дејвид мислеле дека го изгубиле засекогаш малиот Џејми и со солзи во очите го прегрнувале неговото безживотно тело

Малото момче се родило во 26. недела од бременоста, заедно со својата сестра близначка Емили. Додека Емили веднаш се изборила за својот живот, отчукувањата на срцето на Џејми станувале сè поретки. По 20-минутна борба за животот на новороденчето, докторите им соопштиле на родителите Кејт и Дејвид Ог дека нивното бебе е мртво.

„Тоа беше најлошото чувство што сум го имала некогаш. Не сакав да биде завиткан во ќебето и оставен сам на себе. Го одвиткав Џејми од ќебенцето. Неговите мали раце и нозе му висеа покрај телото“ – раскажа Кејт за страшните мигови по породувањето.

„Му наредив на Дејвид да се соблече и да легне на креветот со мене. Сакав колку што е можно повеќе телесна топлина околу бебето, бидејќи тоа беше толку ладно, а јас сакав да биде топло и живо. Ја поставив неговата кожа на мојата и само го држев. Потоа му ја поместив главата блиску до моето срце за да може да го слушне како чука. Му кажавме дека има сестра, која се вика Емили и дека таа ќе биде добро, а дека тој треба да се грижи за неа. Потоа му откривме дека имавме големи планови за него... Одеднаш тој започна да мрда“ – вели Кејт.

Кога зачудените родители ги повикале акушерките за да им ја соопштат прекрасната вест, тие им рекле дека тоа се само рефлекси, дека бебето умира и дека треба да се збогуваат со него. Но, Кејт одбила да ги послуша и започнала со својот прст да му дава колострум (првото млеко кое се лачи во градите на мајката) на Џејми.

Одеднаш, малото новороденче, кое тежело помалку од еден килограм, започнало да дише нормално, а по кратко време ги отворило очите и го грабнало прстот на својот татко. „Не ми се верува, не ми се верува“ – извикал докторот откако го наслушал срцето на Џејми.

Тоа било вистинско чудо.

Раѓањето на Џејми Ог Раѓањето на Џејми ОгЏејми со сестричката Емили кратко време по раѓањето Џејми и Емили

Емили и Џејми за неколку дена ќе наполнат 5 години и неодамна ја дознале неверојатната приказна за нивното раѓање. „Емили започна да плаче. Таа беше навистина вознемирена и постојано го гушкаше својот брат“ – рекла во интервју мајката на близнаците и додала дека досега Џејми немал никаков посериозен здравствен проблем.

Џејми и Емили ОгЏејми со Емили Џејми Ог

„Неговата состојба е одлична... најголемиот страв на докторите беше дека тој може да добие церебрална парализа поради недостигот на кислород, но тоа не се случи“ – објаснила Ог.

Кејт, која има уште едно дете со својот сопруг Дејвид, порачува дека контактот кожа на кожа е многу важен за бебињата.

Раѓањето на Џејми ОгКејт со трите деца

Семејството Ог, преку создавање на онлајн заедница наречена „Подарокот на Џејми“, собира средства кои ги донира за предвремено родени и болни бебиња.

Видео за емотивната приказна на семејството Ог

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.