Почетна » Новости » Животни стории » Балерина не престанува да танцува додека се бори со рак на дојка

Балерина не престанува да танцува додека се бори со рак на дојка

Меги Кудирка е млада жена која и покрај својата борба со рак на дојка, не престанува да танцува и инспирира многумина да го ценат секој ден од својот живот.

Кудирка секојдневно ја подигнува свеста кај младите жени за ракот на дојка, потсетувајќи ги дека никој не е имун на оваа болест. Таа го создала профилот на Facebook „Ќелава Балерина“ за време на хемотерапијата, кога ја изгубила својата коса и го користи како платформа за информирање.

„Сакам да ги информирам луѓето дека ракот на дојка може да се појави кај секого, на која било возраст. Никој не е имун, никој не е премлад, никој не е премногу фит“ – вели таа.

Меги Кудирка Меги Кудирка Меги Кудирка

Во 2014 година, на Меги ѝ бил дијагностициран рак на дојка во 4 стадиум. Таа имала само 23 години кога почувствувала грутка на едната града. „Си помислив дека само си го истегнав мускулот. Како балерина, не можев да си дозволам да паузирам или да изгубам дел од себе, па продолжив да танцувам без да кажам некому за мојата „повреда““ – открива Кудирка.

Бидејќи карциномот имал метастазирано на коските на Меги, тоа значело дека за него нема лек. „Светот ми се преврти наопаку. Многу прашања се појавија во мојот мозок. Се прашував дали некогаш повторно ќе танцувам. Не знаев како да реагирам и започнав да плачам неконтролирано“ – вели таа.

„Кога ракот на дојка се појавува кај некој помлад од 30 години, најчесто се шири брзо и е метастазиран уште при првата дијагноза. Кај многу млади жени, во периодот додека да почувствуваат грутка, ракот веќе се има проширено на коските, мозокот, црниот дроб или белите дробови, како што ми се случи мене“ – додава таа.

Меги Кудирка Меги Кудирка Меги Кудирка Меги Кудирка

Меги поминала низ операција за отстранување на градите и сега преку лекарства го држи ракот под контрола, а во меѓувреме не престанува да танцува, тврдејќи дека „балетот ја одржува во живот“. За жал, поради лекарствата, таа влегла во менопауза уште на 25 години.

Кудирка тврди дека ракот го менува начинот на размислување на луѓето и дека за неа, секој нов ден е благослов.

„Ракот брзо го менува твојот поглед. Благодарна сум за секој ден во кој сум доволно здрава и силна за да танцувам“ – вели Меги.

„Иако немам енергија и сила да танцувам професионално, ја ценам секоја покана за настап, бидејќи тоа може да ми биде и последна. Докторите го држат ракот кај мене стабилен, но тоа може да се промени со едно трепкање на окото. Ќе продолжам да танцувам додека можам. За тоа живеам и тоа ме одржува во живот“ – вели таа за балетот.

Еден од фотографите со кои неодамна соработуваше инспиративната девојка за неа напиша: „Прекрасно е што овој пат нејзината коса е многу подолга и е вистинска инспирација да се биде во близина на некој што е толку позитивен во толку тежок период. Таа покажува дека животот е благослов и дека секој ден е доволно вреден за да се бориме“.

Меги Кудирка Меги Кудирка

Октомври е месец за подигнување на свеста за ракот на дојка.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20805 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.