Пред два дена огнените јазици ја проголтаа областа Мати во Атина и одзедоа најмалку 82 човечки животи. Светот продолжува да тагува заедно со Грција за големата катастрофа која избриша цело населено место од мапата.
Додека едни трагаат по блиските, други тажат за најмилите кои не се повеќе на овој свет, трети се опоравуваат, а четврти ги користат социјалните мрежи за да пренесат дека сочувствуваат со настраданите и да им кажат на засегнатите дека се молат за нивно брзо закрепнување.
Артисти од целиот свет со трогателни цртежи им изразија сочувство на Грците.
Македонскиот илустратор Тхе Мичо (The MiCHo) со свој цртеж им посака брзо закрепнување на „нашите пријатели во Грција“.
Погледнете ги цртежите и на останатите уметници:
На интернет постојано се објавуваат срцепарателни фотографии од трагичниот настан, а сè повеќе преживеани раскажуваат за пеколот низ кој поминале за да се спасат.