Почетна » Новости » Животни стории » 5-годишно детенце си замина дома по трансплантацијата откако учителка му донираше црн дроб и му го спаси животот

5-годишно детенце си замина дома по трансплантацијата откако учителка му донираше црн дроб и му го спаси животот

Среќна приказна разнежува срца низ светот.

5-годишниот Езра Тозек доби втора шанса за живот благодарение на неговата прекрасна учителка Кариса Фишер. Кариса му донирала дел од својот црн дроб на Езра откако прочитала дека неговата болест е во крајна фаза и дека итно мора да му се изврши трансплантација.

Езра Тозек

Сега, Езра беше испратен од болничкиот персонал во Менхетен со песна, балончиња од сапуница и „сертификат за дипломирање“. Тој помина 45 дена во болницата, а ќе продолжи да се лекува и опоравува во својот дом покрај семејството.

Езра Тозек Езра Тозек Езра Тозек

„Патот до закрепнување беше многу подолг отколку што првоначално сметавме дека ќе биде, но благодарни сме што сме на другата страна од тој дел. Целиот негов стар црн дроб беше отстранет. Сè што има сега е новото парче кое го доби од Кариса“ – рекла мајката на момчето Керен, која ѝ е многу благодарна на Кариса.

„Никогаш нема да можам да ѝ се оддолжам. Само сум среќна дека таа е доволно блиску до нас и дека ќе може да остане во нашите животи за да го гледа како расте“ – рекла таа.

Езра Тозек Езра Тозек Езра Тозек

Трансплантацијата на црн дроб била неопходна за да се спаси животот на Езра, а Кариса е среќна што можела да му помогне.

„Среќна сум што можев да му помогнам и што ситуацијата му се подобрува. Беше забавно, беше лудо и сега со нетрпение очекувам Езра да си дојде дома за да можеме повторно да се видиме“ – рекла таа неодамна.

Керен и нејзиниот сопруг веќе имале осум биолошки деца кога го згрижиле Езра во 2022 година. Тие успеале да го посвојат во јули истата година. Уште тогаш, Езра имал здравствени проблеми. Оштетениот црн дроб му влијаел на нивото на енергија и на спиењето.

Езра Тозек Езра Тозек

Сега се очекува деловите од црниот дроб и кај Кариса и кај Езра да се регенерираат и добро да функционираат.

Езра Тозек Езра Тозек

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.