Семејството на Шерон Стоун силно настрада од новиот коронавирус. Холивудската ѕвезда сподели дека нејзините баба и кума починале како резултат на КОВИД-19, а нејзината сестра Кели е во болница и се бори за живот.
Растревожената актерка објасни дека не се тестира доволно во Монтана каде живее нејзината фамилија и го нарече Доналд Трамп убиец.
„Мојата баба почина од КОВИД и мојата кума почина од КОВИД. Мојата сестра и нејзиниот сопруг се борат за своите животи, а на мојата сестра не ѝ оди многу добро“ – вели таа во видео-пораката.

Видео
Како што многу од вас знаете, објавив дека мојата сестра е во болница, во КОВИД соба и дека има лупус и се бори за живот. Не ви кажав дека и нејзиниот сопруг Брус е во КОВИД соба, на истиот оддел и се бори за неговиот живот. Тие седеа дома колку што можеа подолго.
Во Монтана каде што живеат, не можеш да се тестираш ако немаш симптоми, а потоа чекаш за резултати пет дена. Исто така, луѓето со кои тие имале контакт, како мајка ми, која имаше 2 срцеви удари, 5 стента и пејсмејкер во изминатите 5 месеци, не можеше да се тестира, бидејќи немаше симптоми, иако можно беше таа да е асимптоматскиот контакт кој им даде КОВИД.
Медицинските сестри кои се грижат за нив не можат да се тестираат, затоа што нема тестови. Тие сестри си ги ризикуваат животите и не можат да се тестираат. Стресот, напнатоста и истоштеноста кои ги има во таа болница се пресретнати од конфликтот околу судот каде луѓе држат оружје и велат дека е нивна слобода е да не носат маски.
Продолжуваат да велат дека ризикот е мал и дека можеби нема да умрете и дека ќе биде добро, но јас ви кажувам што се случува со моето семејство. Мојата баба почина од КОВИД и мојата кума почина од КОВИД. Мојата сестра и нејзиниот сопруг се борат за своите животи, а на мојата сестра не ѝ оди многу добро. Не можеа да ѝ дадат ремдесивир пред да оди во болница, затоа што таму таков е законот. Немаше кој да им помогне додека беа сами дома, бидејќи нема сестри кои би оделе по домовите зашто не можат да се тестираат. Кога велат дека има тестови за сите, ЛАЖАТ. Кога велат дека има тестови за сестрите по болниците, тие лажат. Луѓето умираат и се борат за живот, затоа што нема ништо друго освен лаги.
Сето ова ќе се промени единствено ако гласате и ако гласате за Бајден и ако гласате за Камaла Харис. А тоа ќе се случи затоа што кога жените се на власт, ќе се бориме за нашите семејства. Ќе се бориме за луѓето да живеат и ќе се бориме за луѓето да се тестираат. Единствените земји кои добро се справуваат со КОВИД имаат жени меѓу лидерите. Ве молам гласајте и ве молам, што и да правите, не гласајте за убиец.
Шерон Стоун
62-годишната актерка објави и фотографии од болничката соба на сестра ѝ. „Мојата сестра Кели, која има лупус, сега има и КОВИД-19. Ова е нејзината болничка соба. Еден од вас кој не носи маска ѝ го причини ова. Таа нема имунитет. Единственото место каде што излезе беше до аптека“ – напиша таа и им порача на фановите да носат маски за доброто на сите.
Кели од болница споделува видеа за нејзината состојба и апелира сериозно да се сфати ситуацијата со коронавирусот.