Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 7.084 тестирања, а има 1.210 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 464
- Тетово – 177
- Гостивар – 112
- Куманово – 98
- Струмица – 55
- Кичево – 48
- Битола – 32
- Струга – 29
- Кавадарци – 26
- Радовиш – 15
- Велес – 14
- Кочани, Гевгелија и Ресен – по 13
- Прилеп – 12
- Делчево и Кратово – по 11
- Македонски Брод – 10
- Свети Николе – 9
- Дебар и Виница – по 7
- Неготино – 6
- Берово – 5
- Штип, Валандово и Богданци – по 4
- Македонска Каменица – 3
- Охрид , Крива Паланка и Пехчево – по 2
- Демир Хисар и Демир Капија – по 1
Пријавени се 32 починати лица: 8 починати лица од Скопје (52г, 54г, 58г, 61г, 67г, 68г, 75г и 77г), по 6 починати лица од Гостивар (45г, 47г, 48г, 61г, 67г и 74г), и Тетово (54г, 57г, 60г, 72г, 74г и 78г), 3 од Куманово (52г, 71г и 79г), 2 од Кичево (47г и 71г), по едно починато лице од Штип (56г), Кочани (67г), Берово (74г), Охрид (50г), Валандово (58г), Струга (64) и Делчево (32г).
Од вкупно пријавените, едно лице е починато во домашни, а останатите 31 лице во болнички услови.
Регистриран e 451 оздравен пациент од:
- Скопје – 133
- Гостивар – 78
- Тетово – 51
- Струмица – 40
- Куманово – 36
- Кичево – 32
- Дебар – 13
- Велес – 10
- Битола и Ресен – по 8
- Кавадарци – 7
- Штип – 6
- Радовиш, Кочани и Берово – по 5
- Прилеп и Свети Николе – по 3
- Виница и Охрид – по 2
- Гевгелија, Валандово, Пехчево и Демир Капија – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 170.412, бројката на оздравени пациенти е 152.916, на починати е 5.727, а бројот на активни случаи изнесува 11.769.