Артисти создаваат мурали за да изразат солидарност кон Украинците и да повикаат на мир во светот.
Голем број улични уметници создадоа емотивни цртежи за да го искористат своето влијание и да го насочат вниманието кон случувањата во Украина.
„Знам дека онлајн поддршката веројатно е безначајна, но се надевам дека можеби ќе му помогне на некого“, „Се надевам дека ако некој, кој е илјадници километри подалеку, го види цртежот нема да се чувствува изолирано, знаејќи дека луѓето се на нивна страна во овие ужасни времиња за нив“ – рекле уметниците.