И децата силно ги чувствуваат ефектите од појавата на новиот коронавирус.
Во училиштата и градинките во Тајланд се воведени најстроги мерки за претпазливост и социјално дистанцирање.
За да го спречат евентуалното ширење на коронавирусот, децата се принудени да седат со маски и во проѕирни кутии, класовите се одржуваат со 20-25 ученици, додека кваките и останатите површини се редовно дезинфицирани.
Поставени се и мијалници и средства за дезинфекција пред секоја од училниците.
„Се чувствувам добро што учам зад кутијата, бидејќи тоа прави да се чувствувам побезбедна на училиште“ – вели една од ученичките.
Во Тајланд досега има над 3.300 дијагностицирани со КОВИД-19 и 58 смртни случаи.