Големи материјални штети и десетици повредени има во Загреб по силниот земјотрес. Утрово, во 6:23 часот главниот град на Хрватска го разбуди земјотрес од 5,5 степени по Рихтер, по кој следуваа уште неколку потреси.
Многуте фотографии кои се шират низ регионот ги покажуваат последиците, а видеата сведочат колку сериозен бил првиот потрес.
Премиерот Андреј Пленковиќ сподели дека веќе се водат разговори со хотели и студентски домови и ветил дека никој нема да остане без кров над главата.