Во изминативе 24 часа се регистрирани 26 нови случаи на коронавирус во нашата држава со што вкупниот број на лица позитивни на КОВИД-19 достигна до 854.
Според местото на живеење, новозаболените се од Скопје (4), Куманово (11), Прилеп (3), Тетово (4), Велес (2), Кочани (1) и Пробиштип (1).
Денеска во Штип има 3 оздравени пациенти, кои со лесна форма на болеста се лекуваа во домашни услови.
Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 4 пациенти – пациентка од Скопје (79г), пациент од Велес (58г), пациент од Прилеп (67г) и уште еден пациент од Скопје (63г).
Во изминатото деноноќие направени се 330 теста. Преку ИЈЗ – 317, преку Ветеринарен ф-тет – 13, Авицена – 9, Биотек – 24 и Филип Втори (Жан Митрев) – 71. Досега во земјата се направени вкупно 8.552 тестирања.
Досега, лица заразени со новиот коронавирус има во:
- Скопје – 316
- Куманово – 211
- Дебар – 49
- Штип – 27
- Прилеп – 75
- Тетово – 37
- Струга – 43
- Велес – 32
- Битола – 9
- Охрид – 4
- Кавадарци – 3
- Гостивар – 8
- Гевглелија – 4
- Струмица – 2
- Крива Паланка – 3
- Радовиш – 4
- Крушево – 3
- Кочани – 22
- Пробиштип – 2