Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 1.325 тестирања, а има 3 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од Скопје.
Пријавени се вкупно 5 починати лица: по едно лице од Скопје (72г), Радовиш (81г), Тетово (69г), Штип (50г) и Пробиштип (72г).
Регистрирани се 45 оздравени пациенти од:
- Скопје – 24
- Битола – 6
- Куманово и Радовиш по 4
- Виница – 3
- Тетово, Кавадарци, Кочани и Кичево по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.272, бројката на оздравени пациенти е 148.709, на починати е 5.413, а бројот на активни случаи изнесува 1.150.