Принцот Чарлс е позитивен на КОВИД-19. Денес беше потврдено дека 71-годишниот претставник на британското кралско семејство е заболен од новиот коронавирус.
Неговата сопруга Камила беше тестирана и е негативна за коронавирус. Тие моментално се во домашна изолација во замокот Балморал во Шкотска.
„Принцот од Велс е позитивен на коронавирусот. Тој покажува благи симптоми, но останува во добра здравствена состојба и работи од дома во последните неколку денови, како и обично. Војвотката од Корнвол исто така беше тестирана, но таа го нема вирусот“ – изјавил официјален претставник на кралското семејство.
Принцот Чарлс претходно беше на ист состанок со принцот Алберт од Монако, за кој пред неколку денови се дозна дека има коронавирус.