Четири генерации од британското кралско семејство позираа заедно за фамилијарен портрет непосредно пред 90. роденден на кралицата Елизабета II.
На фотографијата објавена на профилот на Кенсингтонската Палата на Twitter, принцовите Џорџ, Вилијам и Чарлс позираат со широка насмевка до најстариот монарх во британската историја – кралицата Елизабета.
Малиот Џорџ е облечен во комплет со кратки панталони од Рејчел Рајли.
Овој семеен портрет е наменет за серија од четири кралски поштенски марки по повод утрешниот роденден на кралицата. Ликот на 2-годишниот принц Џорџ за првпат се појавува на поштенска марка.
Фотографот Раналд Макешни ја имаше тешката задача да пронајде просторија во која ќе биде направен портретот и да ги постави сите субјекти на речиси иста висина. Поштенските марки нема да се продаваат одделно, туку ќе се купуваат четирите заедно. Тоа е причината што Џорџ е поткачен на четири блока.
Уште шест други марки беа пуштени во продажба, од кои три се фокусираат на семејниот живот на кралицата.
Кралицата Елизабета е родена на 21 април 1926 година.