Четири генерации од британското кралско семејство позираат заедно на официјални фотографии објавени од Кенсингтонската палата.
На нив, малиот принц Џорџ приготвува божиќен пудинг заедно со неговиот татко Вилијам, дедо му Чарлс и неговата прабаба – кралицата Елизабета II.
Фотографиите се направени за поддршка на добротворната иницијатива „Заедно за Божиќ“ на Британската кралска легија. Приготвениот божиќен пудинг ќе се служи на нивните средби во 2020 година.