Претседателката на Словачка Зузана Чапутова е во официјална посета на нашата држава. Таа беше пречекана од претседателот Стево Пендаровски на церемонија со највисоки државни и воени почести.
Во Вила Водно, Чапутова пристигна во елегантен стајлинг, кој вклучуваше фустан во кралска сина боја и бежови салонки.
Претседателот Пендаровски и претседателката Чапутова одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на двете делегации.
Во фокусот на разговорите се билатералните односи, словачките искуства од процесот во пристапување во ЕУ, сојузништвото во НАТО и безбедносните предизвици во регионот и Европа.