Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 1.375 тестирања, а има само 1 новоинфициран со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболениот со КОВИД-19 е од Куманово.
Пријавени се вкупно 3 починати лица: по едно лице од Куманово (55г), Тетово (61г), и Гевгелија (80г).
Регистрирани се 204 оздравени пациенти од:
- Скопје – 77
- Куманово – 25
- Охрид – 19
- Битола – 11
- Струмица – 9
- Тетово и Кичево по 7
- Прилеп – 6
- Гостивар, Штип и Струга по 5
- Велес и Радовиш – по 4, Кочани и Кратово по 3
- Кавадарци, Свети Николе, Ресен, Крива Паланка, Виница и Демир Хисар по 2
- Гевгелија и Македонска Каменица по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.418, бројката на оздравени пациенти е 149.496, на починати е 5.458, а бројот на активни случаи изнесува 464.