Почетна » Новости » Актуелно » Позитивна вест: За првпат од септември наваму, НЕМА починат од коронавирус на дневно ниво

Позитивна вест: За првпат од септември наваму, НЕМА починат од коронавирус на дневно ниво

Конечно многу позитивна вест во статистиката за КОВИД-19 кај нас. Во денешниот извештај, нема регистрирани починати лица.

„Денес за прв пат по 2 септември 2020 не бележиме ниту еден починат од Ковид. Вирусот е далеку од победен, но оваа мала победа ни влева надеж дека сме се поблиску до ставање крај на агонијата. Сепак, мерките мора да продолжиме да ги почитуваме, а еднствен начин да го намалиме бројот на жртви е масовно да се вакцинираме“ - порача Венко Филипче.

Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.068 тестирања, а регистрирани се 8 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје 3
  • Тетово 2
  • Велес, Кичево и Охрид по 1
ковид податоци

Регистрирани се 9 оздравени пациенти од:

  • Скопје 3
  • Куманово
  • Тетово, Велес, Гостивар, Свети Николе и Ресен по 1

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.536, бројката на оздравени пациенти е 149.628, на починати е 5.471, а бројот на активни случаи изнесува 437.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19812 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.