Министерството за образование и наука донесе одлука и соопшти како ќе започне новата учебна година.
Сите деца ќе продолжат наставата да ја следат онлајн, освен учениците од 1 до 3 одделение, чии родители ќе имаат избор дали да ги испратат своите деца во школо или ќе продолжат да учат од дома.
Онаму каде што наставата ќе се одржува со физичко присуство, не смее да има повеќе од 20 деца во една училница, децата треба да седат на 1,5 метри растојание, а наставникот/наставничката да биде цело време присутен/на и да не излегува на одморите.

„Нашата препорака од страна Комисијата за заразни болести е училиштата да започнат со настава онлајн со два исклучоци: Прво, за децата од 1 до 3 одделение, имајќи го предвид дека кај најмалите деца инциденцата е најмала некаде околу 3,4% и имаат сосем лесна форма на болеста или се асимптоматски носители. Сепак по барање на родителот, децата од 1 до 3 одделение ќе можат да ја следат целосно наставата и онлајн. По разговорите и интензивната комникација со родителите и други стручни лица одлучивме да дозволиме да има избор од страна на родителот, а причина е тоа што во одредени семејства има родители кои што се хронично болни, во висок здравствен ризик категории. Понатаму децата се чуваат дома од страна на повозрасни членови како баби и дедовци коишто исто така може да имаат некаква хронична болест, и на тој начин семејството било во поголем ризик.“
„И вториот исклучок, на барање на основачите или на општините, таму каде што во школите има мал број на деца во класовите или мал број класови, согласно епидемиолошката состојба, да добијат дозвола наставата да ја реализираат со физичко присуство“ – изјави министерот Венко Филипче на денешната прес-конференција.