Во текот на изминатите 2 години, центарот на нашите животи се префрли кон домот, па токму затоа и концептот за поминување време дома значително се промени. Денес, се повеќе уживаме во квалитетно поминато време со најблиските во топлината на нашите домови. Малите интимни собиранки станаа прв избор кога станува збор за забава и славење. Сега, во екот на празничната еуфорија, кога имаме се повеќе поводи за дружење со најсаканите, потребни ни се домашни апарати кои ќе ни бидат вистински придружници во нашиот секојдневен животен стил и рутини. Без разлика дали станува збор за рерна која совршено и енергетски ефикасно ќе ги испече новогодишните колачиња, фрижидер доволно ефективен да ја зачува свежа празничната трпеза, правосмукалка која ќе ви помогне за помалку од еден час да имате совршено чист дом, или машини за перење и сушење кои совршено ќе се погрижат вашата облека секогаш да биде чиста, ткаенината заштитена, а сето тоа спакувано во енергетски ефикасен систем.
Со воведувањето на концептот Bespoke во 2019 година, бизнисот со дигитални апарати на Samsung воведе сосема нова ера на приспособени домашни апарати кои ги надминуваат конвенционалните парадигми кои претходно преовладуваа во индустријата. Наместо само да се фокусира на технологијата и функционалноста, филозофијата Bespoke, исто така, ги вклучува различните потреби, вкусови и начин на живот на клиентите во производот - туркајќи ја индустријата да еволуира на следното ниво.
Проширување на просторот, проширување на искуството и проширување на времето. Овие три трансформативни идеи се во сржта на искуството на Bespoke домот, кое е поставено да ви помогне да уживате во вашиот домашен живот на начини кои ги надминуваат конвенционалните искуства со апарати за домаќинство.
Зачувајте ја храната свежа без разлика на сè!
Беспрекорниот дизајн не е единственото нешто кое го прави Bespoke фрижидерот посебен. Неговата технолошка иновација ќе ви го направи животот полесен. Сите знаеме дека не сите намирници се исти и изискуваат различни оптимални температури. Некои треба да се изладат малку подобро, на пример, риба и месо, а некои, овошје и зеленчук, доволно е да се изладат малку помалку. Секако, тоа е можно со полицата Optimal Fresh +, која овозможува две температурни зони, а со тоа храната останува свежа и вкусна. Што треба да направите? Месото и рибата од едната страна, а овошјето и зеленчукот од другата страна. Совршено! Без разлика дали готвите, или сте само уживате во свежа храна, она што сите нè вади од такт е овенат зеленчук и омекнато овошје. Да ниту еден дресинг не може да спаси свената марула! Samsung Bespoke има решение – фиоката Humidity Fresh + е тука да ја одржи совршената влажност, плус има доволно простор за голема количина овошје и зеленчук! Плус, тука е и функцијата All Around Cooling, благодарение на која ќе добиете рамномерно ладење или едноставно сеопфатен систем на ладење, ова значи постојано следење на сите температурни флуктуации и рамномерно ладење од агол до агол. За одржување на константна температура и подолга свежина на храната, се грижат стратешки поставени отвори за вентилација. Толку едноставно, а толку корисно.
Кујната но, и секоја просторија беспрекорно чиста!
Нередот во кујната лесно ќе биде решен благодарение на Bespoke Jet™ Complete правосмукалката. Готвењето со најмалите знае да биде забавно, но трошките на подот знаат да бидат вистинска ноќна мора. Samsung Bespoke Jet™ Complete го прави чистењето неверојатно лесно и забавно. Едноставен дизајн кој се лесно се вклопува во просторот и неверојатна All-in-one Clean Station благодарение на која домот секогаш ќе биде беспрекорно чист. Ја завршува целата тешка работа, ефикасно го празни садот за прашина со помош на „Air Pulse“ технологијата и собира 99,999 % од ситната прашина за максимална хигиена на вашиот дом. Замислете длабинско чистење кое нема да ви одземе повеќе од 1 час. Звучи неверојатно, но со Bespoke Jet™ Complete е сосем изводливо. Моќ на вшмукување до 210 W, генерирана од моторот Digital Inverter, аеродинамичниот дизајн на воздушниот систем го оптимизира протокот на воздух, додека мулти-циклонската филтрација на воздухот ги собира ситните честички прашина (или брашно од колачињата кои ги готвевте со најмалите). Благодарение на времето на работење до 1 час, ќе имате доволно моќ да ја исчистите целата куќа, со само едно пуштање. Сè тоа благодарение на долготрајната батерија што се отстранува, која може да се замени со резервна, овозможувајќи до 2 часа чистење. Користејќи ја уникатната технологија на Samsung, задржува 70 % од првичните перформанси до 500 циклуси.
Храната овие празници нека биде повкусна од кога и да е!
Bespoke рерната нуди поврзани функции преку апликацијата SmartThings, благодарение на која готвењето ќе биде полесно, повкусно и поефикасно. Технологијата AI Pro Cooking™ може да ги препознае состојките, соодветно да ги оптимизира поставките и да ја следи храната додека се готви, како би спречила претерување или недоволно печење. Функцијата Dual Cook Steam им овозможува на корисниците да подготвуваат здрави оброци и храна на пареа во рерната користејќи различни поставки во исто време. Дополнително, функцијата Sense-to-Open едноставно ја отвора вратата на рерната со само еден допир, што придонесува за елегантен и минимален дизајн со рамни врати без рачки.
Одржливост од почеток до крај
Посветеноста да се помогне на животната средина долго време е во срцето на дизајнот на производите на Samsung. Најновите Bespoke уреди не се исклучок - сите се дизајнирани имајќи го предвид одржливиот животен циклус на производот од почеток до крај. Samsung Bespoke уредите се направени да бидат што е можно поефикасни и одржливи. Започнувајќи уште од самото производство, Samsung се обидува да спречи контаминација на почвата со минимизирање на фабричкиот отпад, вклучително и фрагменти од стакло. Исто така, ги рециклира течните материјали како што се отпадното масло и бојата во гориво кои подоцна може да се користат повторно. Одржливите карактеристики се прошируваат и на уредите што се користат. Фрижидерите на Samsung користат напреден компресор со дигитален конвертор додека машините за перење Samsung користат технологија како функцијата AI Ecobubble™. Со овие иновативни технологии, Samsung успеа да ја намали потрошувачката на енергија на фрижидерите за 67% од 2000 до 2020 година и за 53% за машините за перење алишта од 2011 до 2020 година. Резултатот од овие напори е препознаен од сертификатите на Energy Star. За корисниците на Samsung, ова значи намалување на трошоците за енергија, а истовремено намалување на емисиите на стакленички гасови. Услугата SmartThings Energy, исто така, може да им помогне на клиентите да заштедат енергија со практично исклучување на апаратите кога не се во употреба, како и со прилагодување на ролетните и клима уредите, намалувајќи го трошењето енергија додека создавате одржливи навики дома.
Комерцијален текст