Почетна » Новости » Занимливости » 5 совети за перење и сушење облека во зима

5 совети за перење и сушење облека во зима

Дали имате чувство дека перењето и сушењето облека во зимските месеци е процес кој трае вечно? Ја следите временската прогноза со надеж дека денот ќе биде барем за степен потопол и без врнежи. Сепак, ако живеете во место каде што цела зима температурите се вон минус, тогаш знаете како изгледа кога свежо испраната гардероба замрзнува на жица.

Како тогаш да сушите облеката во зима? Иако сите имаме неколку испробани и проверени трикови, еве неколку совети кои сигурно ќе ви ја олеснат работа.

Samsung

1. Трикови за сушење на тераса

Понекогаш се чини дека на дождот му нема крај, обидете се да го организирате денот за перење и сушење алишта за да избегнете обилни дождови или многу ниски температури. Ако ги сушите алиштата надвор, погрижете се да оставите доволно простор помеѓу поединечните парчиња облека за да може воздухот да циркулира. Исто така, избегнувајте „префрлање“ и дуплирање на облеката преку жицата од истата причина - за да дозволите воздухот да циркулира слободно.

2. Како да избегнете проблеми при сушење на облеката дома

Оставете сè што не е итно и што бара подолго сушење за поповолни временски услови. Сепак, она што не може да чека често мораме да го внесеме во просториите домот. Влажноста на гардеробата ќе влијае и на појавата на влага во станот или куќата, па затоа е многу важно редовно да ги проветрувате просториите.

3. Радијатори – да или не?

Повеќето, посегнуваат кон сушење на радијатор или друг уред за греење на просторот, но ова е уште еден начин кој треба да се избегнува. Влажноста во просториите ќе биде многу поголема, а со текот на времето може да се појави мувла во просториите, која исто така е многу штетна за здравјето.

4. Сушење со пегла?

Ова може да биде уште еден побрз и полесен начин за сушење на вашата гардероба, се разбира, под услов да е веќе половина сува. Пеглата ќе развие доволно висока температура за да помогне да се уништат добар дел од бактериите на облеката. Но ваквото сушење може да остави жолти траги на облеката. Избегнувајте пеглање на комплетно мокри алишта.

5. Машини за перење и сушење

Сите овие решенија имаат свои предности и недостатоци, а најдобрата опција секако лежи во модерната технологија која има задача да го олесни секој аспект од животот. Паметните уреди се оние кои треба да преземат сè што би значело непотребен напор за нас. Такви уреди се и машините за перење и сушење, кои се сè почести помошници во домаќинствата. Пример за таков асистент кој на интелигентен начин и со минимална потрошувачка на енергија и време, помага за перење и сушење алишта, и во зима и во остатокот од годината се Samsung машините за перење, сушење или комбинираните за перење и сушење алишта.

Важно е да се напомене дека сега е вистинската можност за купување нови домашни асистенти, бидејќи е можно да се обезбеди 5 години гаранција на апаратите за домаќинство на Samsung!

Samsung

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20994 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.