Почетна » Новости » Актуелно » Нови мерки: Лицата над 67 години ќе смеат да излегуваат само од 5 до 11 часот, младите под 18 години од 12 до 21 часот

Нови мерки: Лицата над 67 години ќе смеат да излегуваат само од 5 до 11 часот, младите под 18 години од 12 до 21 часот

Владата донесе одлука за измени и дополнувања на одлуката за ограничување на движењето на граѓаните на целата територија во земјата.

Полициски час

Лицата над 67 години од утре ќе смеат да излегуваат само во периодот од 5 до 11 часот претпладне.

И за младите под 18 години има построго ограничување. Ним ќе им биде дозволено да излегуваат само во периодот од 12 до 21 часот.

За сите граѓани ќе важи забрана на движење од 21 до 5 часот наутро, наместо досегашната од 21 до 6 часот. Промената е направена поради гужвите што се создадоа во јавниот превоз и заради потребата на граѓаните да стигнат на работните места во утринските часови.

Полициски час

Новите одлуки за ограничување на движењето ќе важат од утре (24 март 2020 година).

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20933 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.