Почетна » Новости » Актуелно » Нов рекорд: 1.511 новозаразени и 32 смртни случаи од коронавирус, а починаа и две млади родилки

Нов рекорд: 1.511 новозаразени и 32 смртни случаи од коронавирус, а починаа и две млади родилки

Третиот бран на пандемијата со коронавирусот не стивнува во нашата држава. Денес имаме рекорден број на новозаболени, а јавноста ја потресе и веста за смртта на две млади родилки како последица на КОВИД-19.

33-годишна мајка од Делчево го родила своето второ дете со царски рез, но не се изборила со вирусот. Била примена на 10 март со висока температура, ниска сатурација и кашлица и веќе следниот ден, била породена.

Нејзиното бебе во добра здравствена состојба било испишано од ГАК, а таа продолжила со лекувањето во „8 Септември“. За жал, исходот бил фатален за мајката.

32-годишна скопјанка, бремена со второто дете, била породена на ГАК со царски рез во 30-тата недела од бременоста. Само неколку часа по породувањето, била препратена на интензивно лекување на КАРИЛ, каде починала.

Нејзината новородена ќеркичка е примена на Одделот за интензивна нега на ГАК и се бори за живот на респиратор.

коронавирус

Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 4.445 тестирања, а има 1.511 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје 654
  • Прилеп 64
  • Куманово 116
  • Тетово 56
  • Гостивар 55
  • Велес 68
  • Кавадарци 44
  • Битола 86
  • Штип 44
  • Охрид 44
  • Струмица 38
  • Струга 11
  • Кочани 15
  • Кичево 25
  • Неготино 22
  • Гевгелија 35
  • Свети Николе 11
  • Крива Паланка 9
  • Ресен 9
  • Радовиш 15
  • Дебар 11
  • Делчево 2
  • Берово 11
  • Пробиштип 14
  • Виница 11
  • Валандово 10
  • Крушево 2
  • Богданци 7
  • Демир Капија 2
  • Кратово 4
  • Демир Хисар 1
  • Македонски Брод 4
  • Пехчево 3
  • Македонска Каменица 5
  • Дојран 3
коронавирус

Пријавени се вкупно 32 починати лица: 13 од Скопје (84г, 83г, 77г, 75г, 73г, 68г, 66г, 64г, 63г, 63г, 51г ,42г и 41г), по 2 пациенти од Прилеп (79г и 68г), Куманово (70г и 61г), Гостивар (72г и 69г), Кавадарци (88г и 49г), Штип (84г и 79г), Струмица (86г и 80г) и Неготино (81г и 67г), а по еден пациент е пријавен од Велес (70г), Охрид (79г), Струга (72г), Гевгелија (58г) и Делчево (33г).

Регистрирани се и 587 оздравени лица и тоа:

  • Скопје 316
  • Прилеп 31
  • Куманово 26
  • Тетово 22
  • Гостивар 17
  • Велес 23
  • Кавадарци 18
  • Битола 18
  • Штип 13
  • Охрид 2
  • Струмица 13
  • Кочани 5
  • Кичево 5
  • Неготино 14
  • Гевгелија 13
  • Свети Николе 3
  • Крива Паланка 8
  • Ресен 5
  • Радовиш 2
  • Делчево 1
  • Берово 6
  • Пробиштип 5
  • Виница 2
  • Валандово 2
  • Крушево 6
  • Богданци 3
  • Демир Капија 2
  • Демир Хисар 3
  • Македонски Брод 3

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 130.022, бројката на оздравени пациенти е 106.979, на починати е 3.781, а бројот на активни случаи изнесува 19.262.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19940 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.