Почетна » Новости » Актуелно » Најнови податоци: 15 новозаболени, 3 лица починати и 7 излекувани од коронавирус во нашата држава

Најнови податоци: 15 новозаболени, 3 лица починати и 7 излекувани од коронавирус во нашата држава

Бројот на заразени од коронавирус во Македонија очекувано расте. Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 15 новозаболени лица.

Вкупниот број на позитивни на КОВИД-19 во нашата држава е 570 лица.

Коронавирус

Според местото на живеење, новите заболени се од Скопје (4), Куманово (8), Тетово (1), Струга (1) и Штип (1).

Оваа бројка на дијагностицирани е од вкупни направени 202 теста. Намалениот број на тестирања се должи на тоа што во недела се намалени капацитетите во однос на дежурствата и луѓето коишто работат во лабораториите. Во просек, вообичено се прават околу 350 теста.

Тројца пациенти починале како последица на компликации од коронавирусот. Станува збор за две лица од Тетово и 40-годишен маж кој беше евидентиран како прв случај во Кочани.

Излекувани се 4 пациенти и испишани од Клиниката за инфективни болести, а на три лица од Дебар им се негативни два контролни теста.

Коронавирус

Досега, случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

  • Скопје – 239
  • Куманово – 121
  • Дебар – 49
  • Штип - 20
  • Прилеп – 33
  • Тетово – 29
  • Струга – 25
  • Велес – 10
  • Битола – 6
  • Охрид – 3
  • Кавадарци – 2
  • Гостивар – 4
  • Гевглелија – 4
  • Струмица – 2
  • Крива Паланка – 3
  • Радовиш – 4
  • Крушево – 2
  • Кочани – 14

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19731 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.