Министерството за здравство објави дека во последните 24 часа се направени 1.535 тестирања, а регистрирани се 129 нови случаи на КОВИД-19 во:
- Скопје – 45
- Куманово – 7
- Дебар – 1
- Штип – 25
- Прилеп – 4
- Тетово – 9
- Струга – 5
- Битола – 6
- Охрид – 3
- Кавадарци – 1
- Гостивар – 9
- Кочани – 3
- Демир Хисар – 1
- Делчево – 1
- Свети Николе – 3
- Кичево – 6
Починати се 6 лица, пет пациенти од Скопје и еден од Струга.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 109 оздравени пациенти од:
- Скопје – 60
- Куманово – 7
- Штип – 16
- Прилеп – 1
- Тетово – 12
- Велес – 4
- Кавадарци – 2
- Гостивар – 6
- Виница – 1
Досега во земјата се направени вкупно 92.550 тестирања на КОВИД-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9.797, бројката на оздравени пациенти е 5.254, на починати е 451, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.092.