Сега, повеќе отсекогаш луѓето сакаат да се променат не само себеси, туку и светот околу нив.
Во текот на 2022 година, светот ги пребаруваше зборовите „Можам ли да променам...“ повеќе од кога било претходно. Google создаде моќно видео кое ги прикажува најпребаруваните нешта во годината која измина. Од него се гледа дека пандемијата многу влијаеше и нè натера да се потрудиме да бидеме подобри личности.
„Од промени во кариерата до барање нови погледи кон животот, луѓето наоѓаат начини како да создадат нова слика за себе и да го преобликуваат светот околу нив“ – пишуваат во описот од Google.