Оваа година, светот бара начини како да закрепне по ужасните последици од коронавирусот.
Google ја сумираше 2021 година во видео во кое открива што најмногу се пребаруваше во годината која изминува, а ја прикажува и радоста од враќањето на луѓето на концерти, театри и кина и повторното обединување на многу семејства.
„Во година која продолжува да тестира многумина, светот повеќе отсекогаш пребаруваше 'како да закрепнам'. Без оглед дали се однесува на менталното здравје, на оддавањето на почит на сакана личност или обединувањето со семејството, луѓето наоѓаат начини како да се вратат посилни од претходно“ – пишуваат од Google.