Настасја Недимовиќ нè потсетува да се фокусираме на убавите нешта во животот и да го цениме тоа што нашите сакани се сè уште покрај нас.
Инспиративната мајка од Србија, која се бореше со рак во бременоста, сега испрати моќна порака која треба да ја слушнат што повеќе луѓе.
Знаете она кога ќе му се налутите на вашиот маж што не ги соблече чорапите од себе.
Епа на некого тој маж му недостига.
Знаете она кога ќе полудите што вашата жена нарачала онлајн уште една чанта што не ѝ треба.
Епа некому таа жена му недостига.
Знаете она кога ќе ве изнервира мајка ви кога по стоти пат ви кажува да се облечете потопло, иако имате 30 години.
Епа некому таа мајка му недостига.
Знаете она кога тато ќе закасни на твојата приредба, но сепак ќе се појави.
Епа нечиј татко никогаш нема да се појави.
Знаете она кога сестра ви ќе ве изнервира кога без прашање по којзнае кој пат ќе ја позајми вашата кошула.
Епа некому таа сестра му недостига.
Знаете она кога ќе се налутите на вашиот брат зашто ја изеде вашата половина од колачот.
Епа некому тој брат му недостига.
Знаете она кога ќе му се налутите на вашето дете што ја извалка новата тренерка.
Епа некому тоа дете му недостига.
Занемарете ги тие работи, ставете ги на втор, трет план. Не се фокусирајте на мааните и на ситниците, туку фокусирајте се на убавите работи и на доблестите, а мааните прегрнете ги и смејте им се. Животот е еден, животот е краток. Сакајте се, прегрнувајте се, бодрете се, ценете се и почитувајте се повеќе. Еден ден, верувајте и нас некој ќе ни недостига.
„Еден ден ќе ни недостига некој. Никогаш не знаеме кој момент ќе ни биде последен заедно“ – напиша таа во описот на видеото.
На Настасја ѝ бил дијагностициран рак на коските на 27-годишна возраст, кога била бремена со второто дете.
„Во декември ме примија во болница, во седмиот месец од бременоста, за да ми направат пункција на коскена срцевина од градната коска. Поставија дијагноза – мултипен миелом (хроничен рак на коскената срцевина), по неколку дена ме породија со царски рез. Јас и син ми Вук го преживеавме пораѓајот, иако шансите беа многу мали“ – изјавила таа.
Настасија води здрав живот со физичка активност и добра исхрана и ги надмина прогнозите на докторите кои ѝ давале уште 5 години живот.