Почетна » Новости » Актуелно » „Една девојка престана да сонува пред очите на сите нас“: Трогателна порака од професорка од Битола за убиството на Вања

„Една девојка престана да сонува пред очите на сите нас“: Трогателна порака од професорка од Битола за убиството на Вања

Згасна еден млад живот, а со тоа згасна и по една искра надеж во сите нас.

По убиството на 14-годишната Вања, на интернет се распространија многу трогателни пораки и писма, а една од нив беше пораката на професорка од Битола.

Вања

Прочитајте го во целост постот на Даниела Петровска од гимназијата „Јосип Броз Тито“:

Душата плаче за една душа.

Како да зборувам пред учениците за „Сон на летната ноќ“ денес? Една девојка престана да сонува пред очите на сите нас! Еден живот помалку за човештвото, една смрт повеќе за злото. Како да поучуваме на повисоки хумани вредности кога нивното рушење, ете, доаѓа и од родителот - оној што го создал животот.

Кому да се пожалиме сите ние што го мразиме насилството, физичкото и вербалното? Анахроно е да се одржуваат обуки во училиштата за значењето на вршењето насилство врз децата и врз човекот воопшто. Тоа е само фарса на институциите кои божем нешто знаат за таа проблематика! Не знаат ништо и не сакаат да знаат, зашто насилството нема да го спречат со празна демагогија, туку со хуманизација на дехуманизираните вредности во општеството!

На девојката Вања не верувам дека Бог треба да ѝ ги прости гревовите, таа гревови нема. Затоа, „Бог да ја прости“ нема да речам никогаш. Нема да речам ни дека Бог треба да им суди на убијците. Не им суди тој!!!

Денес престанавме да сонуваме сите што го мразиме злото! Како да погледнеме во нашите ученици со мирен поглед и без да затрепериме дека секој од нив може да биде Вања во невремето што го живееме?

Жалам за девојката и нејзиниот застрелан лет од страна на ЏГАНОТ.

Вања, мило дете, жалам што не можеа да ти го слушнат крикот за помош тие што од срце те бараа, веројатно беше многу доцна.

Вања, денес не знам во што да верувам!!! Дури ни во љубовта не можам да поверувам, онаа што го создава и што го брани животот!!!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19737 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.