Почетна » Новости » Актуелно » Вања била врзана за раце и нозе во влезот и ставена во вреќа за спиење, таткото кажал кога ќе излегува сама од дома

Вања била врзана за раце и нозе во влезот и ставена во вреќа за спиење, таткото кажал кога ќе излегува сама од дома

Предмалку се одржа официјалната прес-конференција за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска, на која беа откриени повеќе детали за грозоморниот чин.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и јавниот обвинител Гаврил Бубевски дадоа изјави и одговараа на прашањата на присутните новинари.

Тие изјавија дека таткото дал информации кога девојчето ќе излегува само од дома, но не потврдија дали тоа било направено со умисла или не. „Од неговиот досегашен исказ во полиција, таткото сè уште ги негира овие дејствија. Неговата инволвираност ја вадиме од контекстот на она што го кажуваат другите инволвирани во случајот, дека едното лице им кажало дека сето ова го знае од контактот со таткото“ – рече Бубевски.

Прес-конференција

Таткото го пријавил случајот за исчезнувањето на Вања во полиција во 11 часот на 27 ноември. Девојчето било убиено околу 10 часот тоа утро по киднапирањето.

„Сега засега, само посредни докази укажуваат дека таткото учествувал во некакви насоки кога девојчето ќе излезе само, кога би можеле да го очекуваат за да се изврши тоа кривично дело на грабнување. Таткото не може да го осомничиме ниту дека е дел од групата којашто подоцна го извршила најтешкото кривично дело, затоа што немаме такви сознанија за тоа“ - рече Бубевски.

На прес-конференцијата беше објавено и дека Вања била киднапирана од влезот на зградата во која живееле и била ставена во багажникот од автомобилот во вреќа за спиење.

„Во влезот од зградата го земаат девојчето и е ставено практично со врзани раце и нозе во една вреќа за спиење. Го изнесуваат и го ставаат во гепек од возилото“ – изјави Спасовки.

Вања Ѓорчевска

Бубевски изјави дека сè уште немаат доказен материјал дека е започната постапка за барање на откуп, но дека причината за киднапирањето била со цел да се изнудат пари од мајката на Вања. „Нема информации за тоа која сума на пари ја барале киднаперите за Вања и дали воопшто биле побарани пари од мајката. Тоа ќе се истражува допрва“ – рече тој.

Засега постојат петмина осомничени за убиството на Вања, од кои тројца се во притвор. Човекот којшто го организирал и извршил убиството е избеган надвор од државата заедно со својот адвокат.

Петтата осомничена личност е таткото на Вања, но неговата инволвираност не е официјално потврдена.

Вања Ѓорчевска

Видео од прес-конференцијата:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19737 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.