Синоќа, македонската јавност беше потресена од веста за убиството на Вања Ѓорчевска – 14-годишното девојче по кое се трагаше од 27 ноември.
Ужасната вест дека беше одземен млад невин живот поради користољубие нè растревожи и растажи. Многу јавни личности преку пораки се обидоа да искажат сочувство до семејството на Вања и до семејството на 74-годишниот Велешанец Панче Жежовски, кој се верува дека е убиен од истата група луѓе.
Тројцата осомничени моментално се во притвор, додека едно лице, кое е поврзано со киднапирањето и убиството на Вања, е надвор од државата.
Приведен е и таткото на Вања, кој учествувал во киднапирањето и им дал информации на сторителите за времето на излегувањето на девојчето од домот.
Игор Џамбазов
Каролина Гочева
Тамара Тодевска
„Прости ни Вања. Патувај кон бескрајот. Ние нема никогаш да те заборавиме и нема никогаш да си простиме.“
Калиопи
„Тага, горчина и срам, затоа што сите сме виновни... затоа што сме неми набљудувачи на ова грдо време кое дозволивме да стане агонија за нашите деца... прости ни девојче... прости ни Вања...“
„Сочувство до фамилијата...“
„Сѐ останато е молк...“
Кренар Лога
Македонскиот министер за правда напиша: „Искрено и најдлабоко сочуство до семејствата на 14 годишната Вања Горчевска и Панче Жежовски. Ова е една од најголемите трагедии во нашата држава затоа што безмилосно се одземени два живота. Одговорност и максимални казни за сторителите.“
Елена Ристеска
Ах Вања.. не запираат солзите, како да те познавав. Почивај во мир. На нив Господ ќе им пресуди!
Антониа Гиговска
Сара Мејс
Викторија Лоба
„Вања мило дете почивај во мир. Нека те чуваат ангелите подалеку од овој суров, болен, тажен свет…“
Ламбе Алабаковски
Сузана Турунџиева
Орце Ѓорѓиевски
Почивајте во мир Вања и Панче. Сочувство до фамилиите.