Новак Ѓоковиќ со одличен гест усреќи свој страстен навивач. По победата над Стефанос Циципас во финалето на Ролан Гарос, српскиот тенисер му подари еден од своите рекети на дете од публиката, а на неговата радост немаше крај.
Видеото освои многумина:
#NovakDjokovic gifted away his racket to a young fan after winning the #FrenchOpen
— Ravi Gite (@ravigite5) June 14, 2021
His reaction was priceless. pic.twitter.com/THG4A3wLoh
A moment they will NEVER forget #RolandGarros pic.twitter.com/wa9CUzta0N
— Roland-Garros (@rolandgarros) June 13, 2021
На прес-конференцијата, Ноле изјави дека малиот навивач во текот на цел натпревар го поддржувал и му дофрлувал совети. „Не го познавам момчето. Тој ме поддржуваше. Тој всушност ми кажуваше тактики... Па, чувствував дека тој беше најдобрата личност за да го добие рекетот по мечот. Тоа беше еден вид благодарност од моја страна што беше до мене и ме поддржуваше“ – рече врвниот спортист.
A gift to a great supporter #RolandGarros | @DjokerNole pic.twitter.com/F04a5UDNQr
— Roland-Garros (@rolandgarros) June 13, 2021