Откако одекна тажната вест за смртта на македонскиот музичар и водител Драган Вучиќ, со официјална изјава министерот Венко Филипче ја потврди причината за смртта.
„Утрово на Инфективната клиника од коронавирусот почина нашиот познат музичар, композитор и тв водител Драган Вучиќ. Тој беше хоспитализиран пред осум дена откако состојбата му се влошила и од тогаш е лекуван на оделението за интензивна нега. И покрај сите напори на лекарите и целиот стручен тим, Вучиќ со многу тежок наод на белите дробови, за жал, му подлегнал на вирусот. Упатувам искрено сочуство до семејството и блиските“ – напиша тој.
