Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Македонците со емотивни пораки се збогуваат со Драган Вучиќ

Македонците со емотивни пораки се збогуваат со Драган Вучиќ

Македонската јавност остана во шок по веста за смртта на Драган Вучиќ. Познатиот водител и пејач почина како последица на компликации од коронавирусот.

И тие што го познаваа лично и тие што го познаваа од екраните со пораки на социјалните мрежи се збогуваат со Вучиќ:

Каролина Гочева

Тамара Тодевска

Елена Ристеска

Драган Вучиќ

Драган Спасов – Дац

Го сретнав, не знам каде...

Му реков:

-Тој сутлиашот што го рекламираш во емисијата е навистина убав, редовно го купувам.
- Навистина ти се допаѓа?
-Да, му одговорив.

Следниот ден ме побара и ме праша за адресата, му ја кажав.

Дојде и ми донесе цел пакет од сутлијашот.„Повели" ми рече со насмевка.

Е, таков човек беше Драган Вучиќ.

Почивај во мир!

Дарио Панковски

„Почина Драган Вучиќ. Име и презиме, мој драг пријател, одличен музичар, автор на безвременски хитови, харизматичен водител и шоумен. Многумина го обожаваа, некои за жал го исмејуваа, но тој прв ја откри вистинската формула за тоа што всушност најшироката популација сака и им го нудеше тоа како вистински професионалец. Искрено се надевав дека засекогаш ќе нè расположува со своите бескрајно шармантни и спонтани коментари, но не... Тој е за мене Драгче од мое старо маало, од Млин Балкан, со кој речиси секој втор ден се гледавме на кејот на Вардар на џогирање или пешачење. Сега, секој нареден ден на кеј ќе ми фали неговото: „Еј здраво Дарче, шо праиш, шо има ново?", онака скопски. Многу ми е жал, МНОГУ! Ангели нека те носат горе, твоето име нема никогаш да зајде. Почивај во мир ДРАГЧЕ друже мој.“

„Весна, Мартин и Вукле, најискрено сочуство до вас, од срце“ – напиша Дарио.

Лила Филиповска

Драган Вучиќ

Владимир Блажев - Панчо

Драган Вучиќ

Откако дознав за неговата состојба и дека е хоспитализиран минатиот вторник, без размислување му пишав СМС за поддршка и побрзо закрепнување. Ми врати едноставно во негов стил:

ТИ СИ МИ ЕДНО ГОЛЕМО СРЦЕ .....

Епа денс тоа срце е тажно

Загубивме еден ГОЛЕМ ЧОВЕК пред се татко, дедо, музичар, шоумен, професионалец и дефинитивно еден од најхаризматичните ликови во нашата земја и естрадата . Ми беше чест што те познавав. Длабоко сочувство до фамилијата и блиските. До следно наше гледање пријателе .....

Легендите живеат вечно

ПС - Оваа слика е направена пред точно една година (10ти мај) кога гостував во неговото шоу и еве што сум напишал:

Денес имав особена чест и задоволство да бидам гостин во емисијата на Драган “Возење со Вучиќ”

Жива легенда која трае повеќе од 25ет години на македонскиот етер, и дефинитивно еден од најпрофесионалните и најхаризматично ликови со кој сум имал можност да соработувам во мојата досегашна кариера.

Секоја чест мајсторе. Да си жив, здрав и ти посакувам уште многу успешни проекти

Симнувам капа господине

Влатко Лозаноски

Драган Вучиќ

Бранко Огњановски (Миле Паника)

Љупчо Марковски

Милена Антовска Станковска

„Се сретнавме случајно пред неполн месец, двајцата со заштитни маски пред една аптека. Не можевме да се поздравиме и гушнеме заради ситуацијата, но си рековме дека ќе се слушнеме и ќе се видиме кога ќе заврши короната. Денеска со огромна болка во душата пробувам да ја прифатам информацијата дека повеќе те нема. Во мислите сум со твојата сопруга и твојот син и им ја пуштам цела сила да го пребродат ова. Кој што сака нека каже, ти Драган Вучиќ за мене беше и ќе останеш прекрасен пријател и највеликодушен човек на цел свет. Секогаш ќе се сеќавам на многубројните дружења од кои за жал немам многу фотографии, но имам спомени за цел живот. Ти си легенда на македонскиот телевизиски етер. И не е случајно што заминуваш на ист ден со Гоце Делчев, Васка Илиева, Тито...
Почивај во мир драг пријателе“ - напиша Милена.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19737 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.