Драган Вучиќ на почетокот од овој месец ја изгуби битката со коронавирусот. Неговиот син Мартин денес објави нивна заедничка фотографија, која е полна со емоции.
Во описот тој напиша: „За некого беше музичариште, за некого басист бр1, за некого шоумен, за некого композиториште.... За мене секогаш ТАТКО над татковците!“.
Драган почина на 4 мај на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје на 65-годишна возраст.
Мартин е единственото дете на Драган и Весна Вучиќ.
