Почетна » Новости » Актуелно » Венко Филипче: 10 нови заболени, 5 оздравени и 1 починат од коронавирус кај нас

Венко Филипче: 10 нови заболени, 5 оздравени и 1 починат од коронавирус кај нас

На денешната прес-конференција, Венко Филипче соопшти дека има 10 нови случаи на коронавирус во земјава. По градови, новите заболени се од Скопје (6), Куманово (2), Прилеп (1) и Велес (1).

Со тоа, вкупниот број на заболени од КОВИД-19 кај нас се искачи на 1.674.

Министерот за здравство информираше и дека оздравени се 5 нови пациенти. Досега оздравени се 1.205 лица, односно 72% од дијагностицираните.

Почина еден пациент од Делчево на 60-годишна возраст.

Коронавирус тест

Во изминатото деноноќие направени беа 189 тестови, а досега во земјата се направени вкупно 19.430 тестирања на КОВИД-19.

Последната дистрибуција по градови е:

• Скопје – 569, активни 131
• Куманово – 410, активни 46
• Дебар – 51, активни 0
• Штип-35, активни 2
• Прилеп –179, активни 59
• Тетово – 117, активни 58
• Струга – 67, активни 4
• Велес – 108, активни 50
• Битола –23, активни 4
• Охрид –15, активни 0
• Кавадарци – 5, активни 1
• Гостивар –19, активни 4
• Гевгелија – 4, активни 0
• Струмица – 2, активни 0
• Крива Паланка- 6, активни 2
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 31, активни 5
• Пробиштип – 2, активни 0
• Кичево – 2, активни 0
• Неготино -9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 2, активни 0
• Пехчево- 3, активни 2
• Делчево-1, активни 0
• Валандово -1, активни 1
• Виница – 2, активни 0
• Кратово-2, активни 2
• Берово-1, активни 1

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 3 пациенти, а вкупно хоспитализирани 41. На кислородна поддршка се 19 пациенти, на механичка вентилација е 1 пациент.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 13 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 25. На респираторна машина се 5 пациенти и уште 3 се со потешка клиничка слика. Во болницата во Битола се хоспитализирани 2 пациенти, а на домашно лекување се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 6, а уште 1 пациент се следи на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 56 пациенти позитивни и сомнителни на КОВИД-19.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19732 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.