Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.338 тестирања, а има 920 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 502
- Битола – 54
- Куманово – 48
- Велес – 40
- Тетово – 35
- Прилеп – 31
- Кавадарци – 27
- Штип – 24
- Кичево – 20
- Струмица и Гостивар – по 18
- Охрид – 16
- Неготино – 14
- Гевгелија – 12
- Кочани – 11
- Свети Николе и Крива Паланка – по 8
- Струга – 7
- Ресен – 5
- Демир Капија, Виница и Дебар – по 4
- Богданци и Кратово – по 3
- Делчево – 2
- Пробиштип и Радовиш – по 1
Од вкупниот број на позитивни (920), регистрирани се 119 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 11 починати лица: 6 од Скопје (61г, 66г, 67г, 72г, 78г и 83г), 2 од Битола (66г и 88г), по едно од Охрид (91г), Струмица (77г) и Тетово (72г). Сите се починати во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица (n=11), 6 лица се целосно вакцинирани, кај 9 лица се регистрирани коморбидитети.
Регистрирани сe 1.190 оздравени пациенти од:
- Скопје – 1.039
- Куманово – 47
- Битола – 32
- Гостивар – 16
- Штип – 13
- Дебар – 9
- Струмица – 7
- Кочани и Ресен – по 5
- Радовиш – 3
- Велес, Кичево, Крива Паланка и Демир Хисар – по 2
- Тетово, Кавадарци, Неготино, Берово, Пробиштип и Кратово – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 287.016, бројот на оздравени пациенти е 267.134, на починати е 8.747, а бројот на активни случаи изнесува 11.135.