Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 1.176 тестирања, а има 92 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 60
- Кавадарци и Охрид – по 6
- Прилеп – 5
- Струмица – 4
- Куманово и Гостивар – по 2
- Тетово, Штип, Кочани, Струга, Гевгелија, Радовиш и Делчево – по 1
Од вкупниот број на позитивни (92), регистрирана е 13 реинфекција.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 3 починати лица: две од Скопје (73г и 80г) и едно од Тетово (61г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Гостивар (64г). Починатиот е пријавен на 31.01.2022 година.
Регистрирани сe 363 оздравени пациенти од:
- Скопје – 200
- Кавадарци – 28
- Велес – 25
- Куманово – 17
- Битола – 14
- Прилеп – 13
- Тетово – 9
- Кичево – 8
- Штип и Гевгелија – по 7
- Радовиш и Ресен – по 6
- Неготино – 4
- Струмица и Гостивар – по 3
- Кочани, Свети Николе, Крива Паланка, Дебар и Кратово – по 2
- Валандово, Демир Капија и Дојран – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 301.583, бројот на оздравени пациенти е 290.617, на починати е 9.150, а бројот на активни случаи изнесува 1.816.