Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.808 тестирања, а има 905 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 468
- Битола – 57
- Кавадарци – 43
- Велес – 41
- Куманово – 38
- Тетово – 32
- Прилеп – 31
- Охрид – 22
- Струмица – 21
- Радовиш – 16
- Гевгелија и Неготино – по 15
- Штип – 14
- Кичево – 13
- Ресен – 12
- Свети Николе – 11
- Струга – 10
- Гостивар – 9
- Дебар – 7
- Кочани – 6
- Валандово – 5
- Крива Паланка, Берово и Виница – по 4
- Богданци и Демир Хисар – по 2
- Кратово, Крушево и Македонски Брод – по 1
Од вкупниот број на позитивни (905), регистрирани се 161 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 10 починати лица: по 3 од Скопје (70г, 77г и 97г) и Прилеп (61г, 72г и 77г) и по едно од Велес (75г), Охрид (88г), Кавадарци (58г) и Крушево (63г). Од пријавените лица 9 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 8 починати лица од: Скопје (2), Прилеп (1), Охрид (1), Битола (1), Куманово (1), Македонски Брод (1) и Неготино (1). Починатите лица се на возраст од 54г. до 86г. Лицата за починати се пријавени во период од 07.02. до 15.02.2022. Од починатите лица, 7 се починати во домашни услови, а едно лице во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица, кај 15 лица се регистрирани коморбидитети.
Регистрирани сe 1.565 оздравени пациенти од: Скопје – 970, Куманово – 89, Тетово и Прилеп – по 58, Кавадарци – 57, Битола – 47, Струмица – 31, Велес – 28, Кочани – 24, Неготино – 21, Охрид – 20, Гевгелија и Штип – по 18, Гостивар – 14, Кичево и Струга – по 13, Крива Паланка – 12, Радовиш – 11, Богданци – 9, Македонски Брод – 7, Берово – 6, Свети Николе – 5, Ресен, Виница, Делчево, Демир Капија и Пехчево – по 4, Дебар, Валандово и Демир Хисар – по 3, Крушево и Македонска Каменица – по 2, Кратово, Пробиштип и Дојран – по 1.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 291.820, бројот на оздравени пациенти е 274.808, на починати е 8.869, а бројот на активни случаи изнесува 8.143.