Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие е направено 6.591 тестирање, а има 882 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 333
- Тетово – 109
- Струмица – 80
- Куманово – 59
- Гостивар – 46
- Кичево – 42
- Штип и Дебар – по 28
- Охрид – 20
- Велес – 18
- Прилеп – 17
- Струга – 14
- Кавадарци и Кочани – по 12
- Битола и Свети Николе – по 9
- Ресен – 8
- Богдани и Кратово – по 6
- Неготино и Радовиш – по 5
- Гевгелија, Виница и Македонски Брод – по 3
- Делчево и Пробиштип – по 2
- Берово, Крушево и Демир Хисар – по 1
Пријавени се 14 починати лица: по 4 од Скопје (54г, 68г, 69г и 84г) и Тетово (49г, 67г, 68г и 81г), 3 од Гостивар (49г, 72г и 74г) и по едно од Куманово (72г), Охрид (82г) и Виница (77г). Сите се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 140 оздравени пациенти од:
- Скопје – 53
- Гостивар – 48
- Кичево – 11
- Штип – 6
- Тетово и Кочани – по 4
- Кавадарци и Пехчево – по 3
- Битола и Виница – по 2
- Охрид, Ресен, Делчево и Берово – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 168.872, бројката на оздравени пациенти е 152.098, на починати е 5.668, а бројот на активни случаи изнесува 11.106.