Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.506 тестирања, а има 848 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 451
- Кавадарци – 50
- Битола – 43
- Велес – 39
- Прилеп – 37
- Куманово – 33
- Кичево – 30
- Тетово – 23
- Радовиш – 18
- Струга – 15
- Гостивар и Неготино – по 13
- Гевгелија – 11
- Кочани и Ресен – по 10
- Дебар – 9
- Охрид, Крива Паланка и Валандово – по 6
- Струмица – 5
- Штип, Демир Хисар и Македонски Брод – по 3
- Делчево, Берово и Демир Капија – по 2
- Свети Николе, Богданци, Кратово, Македонцка Каменица и Пехчево – по 1
Од вкупниот број на позитивни (848), регистрирани се 116 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 11 починати лица: 4 од Скопје (72г, 78г, 79г и 80г), 3 од Штип (77г, 84г и 90г) и по едно од Битола (69г), Куманово (52г), Кочани (70г) и Струга (83г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 11 починати лица од: Скопје (3), Штип (2), Битола (1), Велес (1), Богданци (1), Демир Хисар (1), Крива Паланка(1) и Охрид (1). Починатите лица се на возраст од 64г. до 87г. Лицата за починати се пријавени во период од 10.02. до 19.02.2022. Од починатите лица, 5 се починати во домашни услови, а 6 лица во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица, кај 21 лице се регистрирани коморбидитети.
Регистриран e 1.369 оздравени пациенти од:
- Скопје – 920
- Куманово – 49
- Велес – 48
- Битола – 43
- Струмица – 41
- Кавадарци – 36
- Тетово – 35
- Штип – 22
- Прилеп и Кичево – по 21
- Гостивар – 20
- Дебар – 17
- Неготино – 14
- Струга – 13
- Кочани и Свети Николе – по 10
- Охрид – 9
- Гевгелија – 8
- Ресен – 6
- Крива Паланка и Берово – по 5
- Радовиш – 4
- Пехчево – 3
- Валандово, Делчево и Демир Капија – по 2
- Македонски Брод , Кратово и Виница – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 294.407, бројот на оздравени пациенти е 279.695, на починати е 8.937 а бројот на активни случаи изнесува 5.775.