Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 3.988 тестирања, а има 824 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 313
- Куманово 75
- Битола 59
- Прилеп 46
- Тетово, Велес и Кавадарци по 30
- Штип и Струмица по 29
- Гостивар 24
- Охрид 20
- Кичево 16
- Свети Николе 15
- Гевгелија 14
- Делчево 13
- Богданци 9
- Неготино 8
- Струга, Кочани, Крива Паланка и Виница по 7
- Ресен и Валандово по 6
- Радовиш 5
- Берово, Пехчево и Македонска Каменица по 4
- Крушево и Кратово по 2
- Демир Хисар, Македонски Брод и Дојран по 1
Пријавено е 31 починато лице: 12 од Скопје (50г, 52г, 61г, 62г, 63г, 64г, 64г, 68г, 74г, 75г, 77г и 79г), по 3 од Куманово (70г, 75г и 75г) и Охрид (65г, 72г и 87г), 2 од Прилеп (67г и 80г) и по 1 починат од Битола (38г), Виница (62г), Гостивар (83г), Дебар (75г), Кавадарци (63г), Кратово (75г), Пробиштип (85г), Радовиш (79г), Ресен (67г), Свети Николе (69г) и Тетово (71г).
Регистрирани се 682 оздравени пациенти од:
- Скопје 285
- Кавадарци 57
- Прилеп 49
- Куманово 45
- Битола 31
- Гостивар 29
- Велес 24
- Тетово и Кичево по 20
- Неготино 19
- Гевгелија 18
- Штип 16
- Струмица 14
- Кочани 10
- Валандово 9
- Берово 8
- Свети Николе 7
- Демир Капија 4
- Ресен, Пробиштип и Виница по 3
- Охрид, Радовиш и Македонски Брод по 2
- Струга и Дојран по 1
Досега во земјата се направени вкупно 688.876 тестирања на КОВИД-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 146.733, бројката на оздравени пациенти е 122.121, на починати е 4.419, а бројот на активни случаи изнесува 20.193.