Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 1.211 тестирања, а има 82 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 61
- Кавадарци – 9
- Гевгелија – 4
- Битола и Велес – по 2
- Прилеп, Охрид, Неготино и Валандово – 1
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 8 починати лица: 3 од Скопје (56г, 80г и 86г) и по едно од Прилеп (72г), Битола (55г), Валандово (71г), Македонски Брод (66г) и Кичево (61г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 265 оздравени пациенти од:
- Скопје – 128
- Битола – 34
- Крива Паланка – 14
- Прилеп – 12
- Валандово и Крушево – по 9
- Ресен – 7
- Кавадарци и Делчево – по 6
- Велес, Куманово, Тетово и Штип – по 5
- Неготино, Кочани и Радовиш – по 3
- Гевгелија, Струмица, Пробиштип, Демир Хисар и Македонски Брод – по 2
- Кратово – 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 219.490, бројот на оздравени пациенти е 206.211, на починати е 7.740, а бројот на активни случаи изнесува 5.539.